Змијанац: Денеска децата се повеќе се изложени на ризик

  • last year
Разговор со Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Врсничко насилство, убиства, сексулана злоупотреба, сајбер булинг, педофилија...
Трилинг, ТВ 24

Змијанац: Денеска децата се повеќе се изложени на ризик

,,Нарушено моментално здравје, децата се препуштени сами на себе, оттуѓување на децата од родителите и обратно, стручните служби недоволно работат со децата, насилство гледаме во медиумскиот простор насекаде во светот, две малолетни деца од 14 години силуваат другарче на 8 години, кривично неодговорни, го споделувале тоа видео, ученик во Белград убива свои соученици и е кривично неодговорен, секако не е само вината туку и одговорноста.” – истакна Драги Змијанац oд детската амбасада „Меѓаши“ во најновото издание на Трилинг.

,,Денеска децата се повеќе се изложени на ризик. Не само од врсничко насилство, туку и од соученици кои не го препознаваат врсничкото насилство дека и зборовите можат да повредат, децата некогаш се повлекуваат во себе, и се случуваат ситуации на насилство кое не може да се контролира, тоа се случи во Белград. Имаме систем на нефункционалност во следење на правилниот раст и развој на децата.” – објасни Змијанац.

,,Општеството ни е милитантно, лидерите ни се милитантни, и се што се случува е проблематично од аспект на вредности кои децата ќе ги впиваат бидејќи тие тоа што го гледаат тоа го прават.” – вели Драги Змијанац.

Recommended